Владејачката ДУИ, односно коалицијата „Европски фронт“ која ја предводи, има освоено 31 377 гласови во Изборната единица 6, по пребројани 56,95% од избирачите. Веднаш зад нив, со освоени 28 451 гласа, е коалицијата „Влен“. Тоа значи дека разликата, по пребројани грубо половина од гласовите, изнесува само 3 000 гласа.